Договорот меѓу Албанија и Грција за морската граница и понатаму е главна тема во албанските медиуми,но поради недостиг на информации од албанските претставици,тие се повикуваат на грчките медиуми.
Грчките медиуми, наведува порталот Албеу, кои посветуваат исклучително големо внимание на договорот наведуваат дека шефовите на дипломатиите на двете земји Коѕијас и Бушати продолжуваат со напорите што поитно да го заокружат ова прашање.
– На Родос, Коѕијас и Бушати продолжуваат и денес со интензивни напори да го финализираат договорот,со цел последниот чекор да го превземат премиерите Ципрас и Рама, пишуваат грчките медиуми.
Но, кај Грците сѐ уште постои загриженост, а тоа е дали претседателот Илир Мета ќе го стави својот потпис на документот.
-Но постои и воздржан оптимизам претседателот Мета да го смени својот став,под притисок од меѓународниот фактор- цитира Албеу грчки весник и потсетува декаљ Мета во последната изјава дадена околу ова прашање рече дека ќе делува според неговите уставни надлежности.
Со договорот,кој според дел од медиумите веќе е финализиран, Албанија на Грција и отстапува 12 милји од своите територијални води на Јонско Море,чие дно располага со огромни резреви нафта и гас.
За албанската опозиција ова е национално предавство и доколку тоа е услов за добивање датум за преговри со ЕУ не треба ни да се случи.