Теодоракис: Патот на Скопје до НАТО и ЕУ минува низ Атина

353

Заев треба да сфати дека патот до НАТО и Европа поминува низ Атина, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во интервју за грчкото радио „Real fm“. Коментирајќи ги последните изјави на македонскиот премиер, Теодоракис отфрла секаква можност да постои договор за двојна формула за името, јави дописникот на МИА од Атина.

– Не постои прашањето за двојно име. Ќе треба да разбере Заев, кој на почетокот покажа сериозност, ќе треба да сфати дека патот за НАТО и за Европа не е право нагоре, туку поминува од Атина. Ова треба да го разбере – вели лидерот на партијата Река.

Објаснува дека тој е од оние што поддржуваат компромис, но порачува дека и македонската страна треба „да ги направат неопходните отстапки“.

– Иредентизмот ќе треба да се тргне од Уставот и учебниците. Ако се мисли на тоа дека нема да стигнеме да го смениме Уставот, но ќе се обврземе во ОН, ќе се обврземе во НАТО, ќе се обврземе во Европската Унија дека ќе го сториме тоа, јасно дека ќе го прифатиме тоа – потенцира Теодоракис.

Според лидерот на партијата Река, договорот нема да биде со Грција, туку со ОН, со ЕУ и НАТО и „цената на каква било отстапка за Скопје ќе биде огромна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...