Во основните училишта ќе се учи и на босански јазик

175

Од наредната учебна година (2018/2019) се предвидува воведување на босанскиот јазик во редовната настава во основното деветгодишно образование, со што се воведува можност припадниците на бошљачката етничка заедница да учат на својот мајчин јазик.

За ова да може да се реализира, како што појасни владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Владата на вчерашната седница ја усвоила Информацијата за подготовка на образовниот систем.

– Во текот на наредниот период треба да се направат сите подготовки ова да се имплементира и од учебната 2018/19 планирано е босанскиот јазик да се воведе во редовната настава во основното деветгодишно образование – рече Бошњаковски.

Појасни дека МОН, односно Битрото за развој на образование за таа цел ќе направи измени во наставниот план. Ќе бидат изготвени, рече тој, и наставни програми во предметот босански јазик, но ќе се преведат постоечките наставни програми по предметите кои ќе се изучуваат во прво одделение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...