Откако координаторот на ДУИ отиде во Собрание наместо на суд, ново судење за „Титаник 3“

668

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано рочиште за случајот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во овој предмет обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.

Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и дека имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.

Адвокатите на  Аљими и Гури пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО.

Минатото рочиште за „Титаник 3“ беше одложено поради задолжително присуство на пратеникот Ејуп Аљими на собраниска седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...