Лазаревски: На шведската маса со „бомби“ немало што нема ВИДЕО

Лазаревски се пријавил на конкурсот за прв човек на новоформираната агенција ОТА, бидејќи вели тој, ги поседува професионалните капацитети.

2999

Oд МВР успеавме да изнесеме околу 3 отсто од целокупниот прислушуван материјал, не знам што се случило со другите прислушувани разговори.

Ова во вечерашната „Само вистина“ го истакна еден од двајцата свиркачи кои ги открија нелегално прислушуваните разговори Ѓорѓи Лазаревски.

– Официјална бројка е дека биле нелегално следени над 5.000 граѓани. Е сега, кога ќе се помножи тоа со бројот на граѓаните со кои тие разговарале, може да се дојде до бројка од 50-100 илјади луѓе – изјави Лазаревски.

Симболично изразувајќи се, Лазаревски вели дека на „Шведската маса немало што нема“.

– Тие системи постоеле исклучиво за безбедносна потреба, а не за она за што се користеа – вели Лазаревски.

Според него, броевите на Груевски и на Мијалков се слушани поради телефонски разговори со лица од владата на Груевски чии телефони биле ставани како таргет на слушање.

– Без инволвираност на сите телефонски оператори не било возможно да се изведе прислушувањето во толкав обем и со толку чисти снимки – вели Лазаревски.

Лазаревски новозапослените структури во УБК, во емисијата ги нарекува параструктури и кажа дека по 4-5 лица биле секојдневно ангажирани да прислушуваат и да прават транскрипти од разговорите. Тој вели дека и други лица во УБК и Петтата управа знаеле за нелегалното прислушување, но не се охрабриле да кажат.

Лазаревски се пријавил на конкурсот за прв човек на новоформираната агенција ОТА, бидејќи вели, ги поседува професионалните капацитети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...