Пазар „Мајка Тереза” на автопат

943

На автопатот „Мајка Тереза“, кој е дел од европскиот коридор никна сезонски пазар.

На самата коловозна лента на автопатот кој започнува кај клучката кај Миладиновци, поминува по обиколницата кај Скопје, па потоа го поврзува Тетово и завршува кај Гостивар, поточно во неговиот „западен“ дел, „Мајка Тереза“ од автопат се претворила во пазар за лубеници и дињи.

Клучен момент е прашањето за опасноста по безбедноста на учесниците во сообраќајот, кога буквално на самата лента за возила, „истурено“ е поставена тезга за сезонско овошје, а продавачот седи под ладната сенка на сонцобранот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...