Роналдо се жени, Георгина го покажа дијамантскиот прстен

Георгина Родригез гордо го покажа големиот дијамантски прстен, а фотографијата на која таа им го покажува на друштвото на трибините го обиколи светот

899

Кристијано Роналдо (33) веќе блесна на Светското првенство во Русија, како и неговата девојка Георгина Родригез (24). Имено, таа внимателно ги следи сите натпревари на Португалија, а на натпреварот против Мароко покажа еден детаљ, кој ги „возбуди диховите“ во светските медиуми.

Дијамант од 615.000 фунти

Шпанката Георгина Родригез на натпреварот се појави во дрес на португалската репрезентација со бројот седум, број што на дресот го има и Кристијано Роналдо, па возбудено навиваше вооружена со португалското знаме. Но, она што го привлече вниманието е дијамантскиот прстен на нејзината лева рака.

Георгина го покажа големиот дијамантски прстен, а фотографијата на која таа им го покажува на друштвото на трибините го обиколи светот.

Се шпекулира дека Роналдо се свршил со својата избраничка среде Светското првенство, но тој за сето тоа мудро молчи.

Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека вредното парче накит кое Георгина го покажала е, всушност, дијамант на „Картие“ вреден 615.000 фунти.
Ова сигурно е ново парче скапоцен накит, иако ова не е првпат 24-годишната Георгина да биде фотографирана со блескав дијамант на нејзината рака. Во септември 2017 година, таа со Роналдо следеше фудбалски натпревар носејќи величествен прстен на левата рака, исто така.

Венчавка?

Роналдо и Георгина се во врска од 2016 година, а неодамна станаа и родители на девојчето Алана Мартина.

Заедно со нив живеат и трите постари деца на Роналдо, кои му ги родија сурогат-мајки. На Георгина нималку не ѝ пречело тоа што на почетокот на нивната љубовна врска со фудбалерот, нејзиното момче очекуваше деца со сурогат-мајката и што веќе беше бремена кога неговите близнаци дојдоа на свет.

Својата избраничка Роналдо ја запозна во Мадрид, каде што работела како продавачка во бутик на марката „Гучи“.

Не се знае дали двојката планира наскоро венчавка, но многумина шпекулираат дека свадбената свеченост би можела да се одржи по Светското првенство во Русија.

Не сум бремена!

Георгина неодамна се огласи за шпекулациите околу тоа дека повторно е бремена, откако многумина веруваа дека фудбалската ѕвезда се подготвува за своето петто дете, односно второ дете со неа. Таа изјавила за шпанскиот магазин „Хола“ категорично изјавувајќи: „Не, не сум бремена“, додавајќи: „Иако во иднина би сакале да имаме повеќе деца.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...