ГДУ: Шилегов, скопјани не те гласаа за да се борат со комарци

848

Господине Шилегов не можеби, туку мора да прскате против комарци што побрзо, бидејќи градот врие од комарци, мушички и инсекти и состојбата е неподнослива, реагира Димо Петкоски секретар на Граѓанско Демократска Унија (ГДУ).

– Го повлековте тендерот, зошто се сомневавте дека средството со кое се прска е штетно. И ви текна да го испитувате во јуни. А притоа јавната набавка е почната уште на 19 февруари. Ова е навистина несериозно. И уште понесереизоно е тоа како прво избравте тендер, па отпосле почнавте да се сомневате и да согледувате што се избрале? Во градот Скопје до крајот на годината треба да се прска пет пати, а ние уште го чекаме првото и дотогаш треба да се снаоѓаме како знаеме и умееме.
Господине Шилегов, Скопјани не Ве гласаа за да се борат со инсекти. Не ве избраа за да одгледуваат бубачки и комарци и да не можат да прошетаат низ парковите, оти се преполни со легла од комарци – вели Петкоски.

Тој го потсетува Шилегов дека обврска му е да прска навремено. Тој додава дека
прскањето треба да почне во април и најдоцна треба да се испрска во почеток на мај и дека добро е да се испита што се прска, ама на тоа требало да се сети порано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...