Дали е ова Светско првенство или циркус – судија го сакал дресот на Роналдо

Сепак треба да знае дека ова е Светско првенство, а не циркус - изјави мароканскиот репрезентативец Нордин Амрабат кој беше незадоволен од судењето.

480

Американскиот судија Мајк Гергер кој ја делеше правдата на вчерашниот натпревар од СП меѓу Португалија и Мароко сакал да го добие дресот на Кристијано Роналдо.

– Слушнав од Пепе дека судијата го сака дресот на Роналдо. Мислам дека вакви работи на еден Мундијал се неверојатни. Очигледно е дека арбитерот беше импресиониран од Кристијано. Сепак треба да знае дека ова е Светско првенство, а не циркус – изјави мароканскиот репрезентативец Нордин Амрабат кој беше незадоволен од судењето.

Португалија го доби натпреварот со 1:0 со голот на Роналдо и го остави Мароко без никакви шанси за пласман во следната фаза.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...