„На каков јазик зборувате во Македонија? Не зборуваме, скарани сме“, напиша на шега министерот за надворешни работи на неговиот профил на Фејсбук вчера попладне откако беше ратификуван Договорот со Грција.
На собраниската седница за ратификација, присуствуваа само пратениците од парламентарното мнозинство и оние о албанската опозиција, додека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираше седницата.