Спасовски: Полицaјците пред Собранието постапија правилно

217

Полицијата пред Собранието постапи како по книга

Македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за судирот на полицајците и демнстрантите за време на неделниот протест пред Собранието против Договорот со Грција.

– Таа постапка на полицијата е како по книга. Тука полицајците имаат целосна поддршка и апелирам до граѓаните кои сакаат да го изразат својот револт, да протестираат мирно, но не смееме да дозволиме да има напад на полицијата ниту пак напад врз некоја од институциите за да не ни се повтори 27 април – рече Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...