Пратеникот Амди Бајрам, кој сега е дел од парламентарното мнозинство, а од неодамна неговиот Сојуз на Ромите влезе и во Владата, од собраниската говорница порача дека тие ќе го поддржат договорот.
Тој изрази уверување дека референдумот ќе бие успешен.
– Можам да кажам дека од 72 до 75 отсто референдумот ќе биде успешен – рече Бајрам.