Вие не сте човечиња да ве влечат за уши, им порача пратеникот Самка Ибраимовски на Ромите при неговото обраќање седницата за ратификација на договорот, на која рече дека тие ќе го поддржат договорот.
На недемократите и шовинистите, порача тој, местото им е во затворот во Шуто Оризари.
– Вие сте за во Европа, а тие за во Шутка, мавнете им со рака кога ќе поминуате покрај Шутка и кажете им слободно: „Таму ви е местото“. Ние имаме работа, мораме да ја донесеме европа во Македонија, а за да ја донесеме мораме да имаме едно столче во Брисел – рече Ибраимовски.