Премиерот во „Само вистина“: До последен момент работата беше „падни стани“ ВИДЕО

Заев посочи дека е лага тврдењето дека од Уставот ќе се избришат АСНОМ и Крушевската Република. Рече дека Македонија никогаш не била хеленистичка култура и објасни оти во учебниците каде што стои Солун, ќе стои појаснување дека станува збор за Тесалоники или кај Кукуш ќе стои објаснување дека тоа е Килкис.

2670

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, рече дека имало периоди во преговорите кога и тој и неговиот грчки колега Алексис Ципрас мислеле дека нема да успеат.

– Работата беше „падни стани“ до последен момент. Имаше и солзи меѓу нас, во нашиот тим, кога прифативме одредени работи. Потоа тоа што го договоривме требаше да се преточи во правни формулации, за да се дојде до конечниот договор и неговото обелоденување – рече премиерот.

Заев посочи дека е лага тврдењето дека од Уставот ќе се избришат АСНОМ и Крушевската Република. Рече дека Македонија никогаш не била хеленистичка култура и објасни оти во учебниците каде што стои Солун, ќе стои појаснување дека станува збор за Тесалоники или кај Кукуш ќе стои објаснување дека тоа е Килкис.

– Ако стои само Кукуш, тоа ја повредува другата страна. И ние не сакаме да ни викаат Манастири, зашто тоа е Битола, ги повредува нашите чувства – рече премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...