Екс градоначалник казнет со 300 евра за поткупување гласови со 1.000 денари

792

Поранешниот градоначалник на Кавадарци Александар Панов доби парична казна за кривичното дело ,,поткуп при избори или гласање“, објави СДК.мк.

Во повторното судење во Основен суд Кавадарци, откако Панов го признал делото, му е изречена казна  во висина од 30 дневни глоби по 10 евра, или во денарска против вредност од вкупно 18,5 илјади денари.

Според обвинението  Панов во својство на градоначалник на Општина Кавадарци, на 9 декември 2016 година околу 13,30 часот, два дена пред парламентарните избори, во својата канцеларија во зградата на Општина Кавадарци, на кавадарчанец  кој има избирачко право, со намера да го придобие неговиот глас во корист на партијата ВМРО – ДПМНЕ на која е член, од фиоката на работното биро извадил банкнота од 1.000 денари и му ја дал како подарок. Лицето се потпишало на бел лист хартија и при тоа обвинетиот Панов  му рекол „Ние сме за да си помогнеме еден со друг“ и му рекол да гласа за ВМРО – ДПМНЕ.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...