Со донирање сперма во чашка станал татко на 33 деца

Неговите активности сега сака да ги запре Израел, кој го забранил користењето на спермата на Ари Нагел на подрачјето на таа држава. Израелските власти не им дозволуваат на жените да ја користат таа сперма, бидејќи неговата подготвеност за татковство не ја сметаат за сериозна.

756

Ари Нагел (42) се прослави со својата необична активност на донирање на спермата на многу жени до таа мера што веќе го стекна прекарот „Сперминатор“. Овој професор по математика од Бруклин во изминатите 10 години стана биолошки татко на дури 33 деца.

Донирање во тоалетот

Многу од тие деца се зачнати така што Ари Нагел во тоалетот во кафулето со својата сперма полнел сад, а потоа тој сад по договор го земала заинтересираната жена и го вметнувала во својата вагина. (Популарноста кај многу „клиентки“ ја стекнал од многу едноставна причина: за разлика од банките за сперма што услугите ги наплатуваат илјадници долари, Ари Нагел својата сперма ја дава бесплатно.)

Но, неговите активности сега сака да ги запре Израел, кој го забранил користењето на спермата на Ари Нагел на подрачјето на таа држава. Имено, во декември по договор со една 43-годишна жена отпатувал во Израел со намера да ја замрзне својата сперма во приватна клиника, но му рекле дека не смеат да го чуваат неговото семе. Израелското Министерство за здравство испратило допис до несудената примачка на неговиот ејакулат, во кое се напоменува дека спермата на Нагел не може да се користи во Израел и дека за тоа ги информирале сите банки за сперма.

Според израелскиот закон, донорите на сперма мора да бидат анонимни и ниту донорот ниту жената која ја прима спермата не смеат да ги знаат меѓусебните идентитети. Исклучок е кога донорот потпишува дека ќе учествува во родителството со мајката. Нагел потпишал таков документ (иако веќе во својот брак има три малолетни деца!) со примателка од Израел, како и со уште шест Израелки, кои веќе платиле по 1.400 долари за годишно чување на спермата на Нагел во клиника во Тел Авив.

Несериозен за татковство

Но, израелските власти не им дозволуваат на жените да ја користат таа сперма, бидејќи неговата подготвеност за татковство не ја сметаат за сериозна.

„Имајќи го предвид бројот на жените што господин Нагел ги оплодил со својата сперма, нашиот став е дека тврдењето за намерата за извршување на вистинското заедничко родителство со господин Нагел не е искрено“, се наведува во дописот на израелското Министерство за здравство, како што пренесува „Њујорк пост“.

Четириесет и тригодишната Израелка желна за спермата на Нагел, сепак не се предава, туку го тужела министерството и случајот сега стасал до Врховниот суд.

Нагел смета дека Израел на брза рака го изменил законот само за да го спречи легално да ја донира спермата, а тој заклучок го заснова врз информациите што му ги дал адвокатот на неговата „клиентка“.

Инаку, здравствените власти во Њујорк пред две години побараа од Нагел да обезбеди дозвола за донирање на својата сперма, но тој досега тоа не го направил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...