Премиерот Зоран Заев ќе биде вечерашен гостин во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Во ексклузивното интервју, премиерот ќе зборува за македонската иднина и за тоа дали договорот со Грција ќе нѐ однесе директно во иднината.
Низ што сѐ поминаа Заев и Димитров изминативе месеци на преговори со Владата на Хеленската Република, чекор по чекор, како се одвиваше овој процес, кој ниту еден граѓанин на Република Македонија не го остави рамнодушен се само дел од прашањата на кои вечерва ќе одговори премиерот во студиото на „Само вистина“.
Покрај преговорите, ќе се зборува и за тоа дали беше демонстрирана прекумерна сила од страна на полицијата врз граѓаните кои протестираа во неделата навечер, ќе биде ли претседателот Иванов, непремостлива пречка или моќта е во сите нас и референдумот? Ќе има ли вонредни избори заедно со референдумот и што ако не успее?
За името и презимето на Македонија, за судството, за економијата и за останатите актуелни теми, гледајте го интервјуто на премиерот на Република Македонија Зоран Заев, ексклузивно во „Само Вистина“, на Канал 5.