Австрија се заканува дека ќе го саботира договорот меѓу Македонија и Грција поради Турција

2142

Австрија се заканува дека ќе го саботира тешко постигнатиот договор за името меѓу Македонија и Грција, доколку Европската Унија не ги прекине преговорите за членство со Турција, пишува лондонски „Телеграф“ коментирајќи ги последните поделби во ЕУ околу миграцијата.

Дипломати од ЕУ брифираат за „Телеграф“ дека договорот може да биде неупотреблив на Самитот на ЕУ лидерите на 28 јуни во Брисел, односно дека Австрија може да стави вето на заклучоците и покрај тоа што Грција би го испратила договореното писмо за поддршка.

Секој самит на Европскиот совет обично завршува со сет на заклучоци, кои потоа делуваат како инструкции за Европската комисија. Австрија ги информирала дипломатите во Брисел дека ќе ги блокира заклучоците за проширување на ЕУ, ако Турција биде спомената во конктекстот на проширување заедно со Македонија и земјите од Западен Балкан како Србија и Црна Гора.

„Телеграф“ предвидува дека задкулисната драма околу миграционата политика на ЕУ може да еруптира на самитот во Брисел.

„Дипломатите на ЕУ ќе продолжат да преговараат за заклучоците во периодот од две недели што претстои до Самитот, но Виена не покажува знаци на ублажување на својот зацртан став и покрај поддршката за отпочнување преговори за членство која им се дава на некои земји од Западен Балкан“, пишува „Телеграф“.

Весникот потсетува дека на Македонија и претстојат темелни реформи и дека до сега повеќе пати добивала препорака за отпочнување на преговори но не и датум. Турција, пак, ги започна разговорите за пристапување во 2005 година, истите долго време се одложуваат и генерална проценка е дека нема реални шанси оваа земја да и се приклучи на ЕУ во догледна иднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...