Унгарската опозиција против „Стоп за Сорос“, Чешките опозиционери против нацрт-буџетот, Фицо се враќа во Словачка…

Граѓанските групи во Унгарија одржаа демонстрации на кои протестираа против владиниот закон „Стоп за Сорос”. Пред зградата на Парламентот тие недвосмислено рекоа дека организациите за заштита на човековите права не се криминалци, а токму законот „Стоп за Сорос” ги прекршува основните права.

100

Либералната партија на Унгарија предложи основање на одбор за одбрана на опозицијата, со цел да се заштитат граѓанските групи кои се против владиниот закон ,,Стоп за Сорос”. Иако Орбан има двотретинско мнозинство ,,паметна заедничка акција може да го насочи унгарското општество на патот кој не води кон образата и бесот, туку кон здравиот разум”, изјави лидерот на Либералите Анет Бош. Тој ги повика сите опозициони парламентарни групи да му пристапат на таквиот одбор.

Граѓанските групи во Унгарија одржаа демонстрации на кои протестираа против владиниот закон „Стоп за Сорос”. Пред зградата на Парламентот тие недвосмислено рекоа дека организациите за заштита на човековите права не се криминалци, а токму законот „Стоп за Сорос” ги прекршува основните права. Демонстрациите ги организираше Амнести интернешенел и на нив беше прикажан голем црвен балон во облик на срце, на кој беше напишан зборот „Граѓански”. Ко-лидерката на Хелсиншкиот одбор Марта Пардави рече дека владата, а не цивилните групи мора да го променат својот став. Директорката на Амнести интернешенел во Унгарија Јулија Иван посебно го наведува фактот дека десетици илјади луѓе изразиле солидарност против нападите на унгарските граѓански организации.

Како што е познато, приврзаниците на Сорос покренаа напади врз унгарската влада и нејзината антиимиграциона политика. Владата, засега, се оглушува на протестите и го стави донесувањето на законот во парламентарна процедура.

Чешка: Се чека коалициона влада 

И чешката опозиција не е задоволна од нацрт буџетот што го предложи Владата во оставка. Министерката за финансии Алена Шилерова им изјави на новинарите дека смета дека за наредната година е неопходен деифицит од 50 милијарди круни. Вкупните буџетски приходи се предвидува да бидат за 117 милијарди круни повисоки и да изнесуваат 1.432 милијарди. Владата сака да ги зголеми платите во јавниот сектор за десет проценти. Опозицијата и синдикатите остро го критикуваат нацрт-буџетот и начинот на кој владата предвидува да располага со парите на даночните обврснизи. Како масло на оган, со расправата за буџетот, се разгорува и расправата за конституирањето на новата коалициона влада на премиерот Бабиш (АНО) и Социјалдемократите кои на референдум се изјаснија за пристап во Владата. Проблемот што искрсна е персонален: претседателот Милош Земан, кој ја именува Владата, изјави дека не ја прифаќа номинацијата на кандидадот на Социјалдемократите Милош Похе за министер за надворешни работи, а ниту Социјалдемократите, ниту нивниот кандидат одбиваат повлекување.

Словачка: Фицо се враќа?

Од соседната Словачка, пак, изненадување: поранешниот премиер Роберт Фицо, по оставката што во март ја поднесе по убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеничка, подготвува враќање на политичката сцена на Словачка. Рејтингот на неговата партија Смер повторно расте со нескриени амбиции да победи на наредните парламентарни избори – изјави Фицо за Словачката телевизија. Тој објаснува дека поднел оставка во интерес на стабилизација на политичката ситуација во семјата и да го спречи претседателот Кишка да формира преодна влада. Другата страна го тврди спротивното.

И покрај масовните анти-владини протести, владеачката коалиција во Словачка е стабилна, но нема големо бројчано мнозинство во Националниот совет, за да го спроведе она што го планира. Освен тоа, Фицо во лицето на претседателот Андреј Кишка има противник кој никако не смее да се потцени, напротив. Можеби затоа уште сега приврзаниците на Фицо упатуваат навредливи и неосновани коментари на сметка на претседателот. Истражувањата на јавното мислење говорат дека за партијата Смер на поранешниот премиер Фицо би гласале околу 22 отсто од избирачите, додека најсилната опозициона Партија на слободата и солидарноста заостанува за десет проценти. Но, изборите сепак не се одржуваат денес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...