Пред Собранието мирно, пратениците на координација за седицата за договорот со Грција

339

Пратениците пристигнуваат во Собранието каде за 11 часот е закажана 51. седница со единствена точка на дневен ред Предлог-закон за ратификација на Договорот со Грција за името.

Координациите за денешната седница започнаа уште вчера со средбата на пратеничката група на владејачката СДСМ, додека сега е во тек координацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратеници од оваа партија наведуваат дека тие ќе присуствуваат на седницата, но дека ќе бараат Предлог-законот за ратификација на Договорот да биде разгледуван на Комисијата за надворешни работи, а не како што е сега предвидено на Комисијата за европски прашања. Од опозициската партија рекоа дека тие ќе останат на ставот на партијата дека нема да поддржан договор за спорот со името кој би опфатил уставни измени.

Поддршка за Предлог-законот за ратификација на Договорот за името, како што е познато, се очекува од владејачките СДСМ, ДУИ, но и од опозициските партии на Албанците во Македонија, Беса и Алијансата на Албанците.

За во 11 часот пред зградата на Парламентот беше најавен нов протест на граѓани кои се против Договорот за името со Грција имајќи ги предвид повиците од синоќешниот собир. Булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда е прооден за сообраќај. Околу Собранието има засилено полициско присуство..

Договорот за спорот со името беше потпишан во неделата од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција во грчкиот дел на Преспанското Езеро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...