Автобус удрил во тезга на улица Индира Ганди во Скопје. Тезгаџијата ја спасил внуката која била до тезгата тргајќи ја настрана, но потоа му се слошило и паднал во бесознание, соопшти полицијата.
Со друго возило тој е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.
Полицијата соопшти дека приватниот автобус се движел кон тезгата и од непозната причина возачот не можел да го сопре автобусот, по што удрил во тезгата.
Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.