Напредокот во соработката меѓу двете земји, особено прекуграничната соработка, за европските перспективи на Западниот Балкан во евроинтегративните процеси, како и очекувањата од претстојните самити на Европската Унија, се темите на кои разговарале вицепремиерот Бујар Османи и Хашим Тачи претседател на Косово денеска во Приштина.
– Датум за преговори за Република Македонија, претставува пресвртна точка за нашите европски интеграции, но и важна одредница за европските перспективи на целиот Западен Балкан – изјави Османи, изразувајќи притоа задоволство што целиот регион забележително се движи во европски правец и постои кредибилна перспектива за напредок за секоја од земјите.
– Затворивме исклучително комплексен и тежок спор меѓу Македонија и Грција, што претставува меѓудржавен дипломатски успех кој верувам ќе се наметне како начин на затворање на отворените прашања меѓу соседите во целиот регион – истакна Османи, додавајќи дека заедно со успешното имплементирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, на дело ја демонстрира сериозноста и зрелоста на Македонија и нејзините соседи.