„Пежо“ тешко повреди 15 – годишно девојче

473

На крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски -Бато“ и „Јане Сандански“ во Аеродром, утрово во 3 часот патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишна девојка која управувала велосипед.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...