Форум за Демократска Македонија: Промената на уставното име не го менува идентитетот

258

Форумот за демократска Македонија го поздравува потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција. ФДМ, организација на иселениците, смета дека промената на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија не го менува идентитетот на етничките Македонци и македонскиот јазик. Напротив, договорот ги гарантира идентитетот и јазикот без да навлегува во правото на национално определување.

– Наметнатиот проблем со името, иако неправеден, со децении беше пречка за остварување на евро-атлантските аспирации на Македонија. Затоа, ФДМ смета дека постигнатиот компромис е добар почеток за градење меѓусебна доверба меѓу двете соседни земји, померување од мртвата точка и надминување на блокадата за членство во НАТО и ЕУ. Овој договор, иако не е идеален, е веројатно најдоброто можно решение во овој момент. И секако, со решавањето на спорот со името оваа и сите други идни влади од сега ќе треба да преземат одговорност и да се посветат на економските, правните и корупциските проблеми во државата кои се од основно значење за сите граѓани, соопшти ФДМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...