Полицијата пред Собранието, протестот најавен за 11 часот кога и седницата за договорот

2548

Зголемено полициско присуство пред Собранието може да се забележи уште од утрово, во пресрет на закажаната пленарна седница за потребата од ратификација на предлог-законот за договорот за името со Грција и по најавата од синоќа, протестот на граѓаните да се одржи во 11 часот, за кога е закажана седницата.

Пред законодавниот дом протести имаше и вчера вечер. Официјален организатор немаше, но собирот беше инициран преку социјалните мрежи. Филип Петровски фракционерите на ВМРо-ДПМНЕ повика граѓаните да го блокираат Собранието и да спречат пратениците да влезат во законодавниот дом.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...