Европската комисија повика на мирни протести за името

Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин. 

591

Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, во изјава за МИА во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин.

– Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин – рече Коцијанчич за МИА.

Во текот на денот Комисијата прецизираше и дека се додека не бидат „комплетирани сите чекори“ од договорот, Европската Унија ќе продолжи на Македонија да и се обраќа со ПЈРМ, како што налага Привремената Спогодба.

 

фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...