АВМУ: Новинарите мора слободно да работат и балансирано да известуваат

39
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди вчерашните напади врз медиумските работници, приведувањето новинари, но и непрофесионалното однесување на некои новинари.
„Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес. Меѓутоа, истовремено, новинарите при известувањето мора да обезбедат професионална дистанца, непристрасно и избалансирано известување. Во овој контекст, Агенцијата апелира да не се применуваат облици на непримерна комуникација со јавноста, а уште помалку да се поттикнува насилство по било која основа“, се наведува во соопштението од АВМУ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...