Од денеска жителите на општина Карпош ќе може да пријавуваат проблеми за хигиената, јавното осветлување, ударните дупки на улиците и за други комунални услуги.
Тоа ќе може да го сторат преку веб страницата www.prijavi.mk за чие одржување беше потпишан меморандум за соработка меѓу општината и невладината организација НЕКСУС – Граѓански Концепт.
– На поедноставен начин, со еден клик и споделување на фотографија жителите ќе може да пријават проблем, со што ќе заштедат и дел од своето време, а ќе се олесни работата и на општинската администрација, изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
Претседателката на НЕКСУС – Граѓански концепт, Афродита Муслиу, посочи дека оваа платформа е дел од проектот „Граѓаните за општината: Работиме заедно за транспарентност и одговорност“, имплементиран од НЕКСУС и делумно поддржан со грант од Амбасадата на САД во Скопје.