Анѓушев: Референдумот ќе биде спроведен како што е зацртано

354

Референдумот за името ќе се одржи во законски утврдениот рок, соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Анѓушев не прецизира ништо конкретно, само рече дека тоа што е зацртано, ќе биде спроведено.

– Не би знаел да ви одговорам на ова прашање, бидејќи е надвор од капацитетот на економијата и она што јас го водам. Но, она што сигурно можам да ви го кажам е дека тој ќе биде во законскиот рок, онака како што е зацртано. Неможам да ви одговорам конкретно до каде се и какви се подготовките. Она што можам само да ви го гарантирам што е и дух во рамките на Владата, е дека тоа што е зацртано ќе биде спроведено – потенцира Анѓушев на прес-конференцијата на која го најави аплицирањето за поврат на средства за инвестиции за компаниите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...