Вчера во 22 часот во маркет на улицата „Штипска“ во Тетово четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво.
Сторителите со закана со ножеви од вработените ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.