Нападнат снимател на 1тв за време на протестот пред Собрание

Кога демонстрантите почнале да фрлаат со мали експлозиви и камења кон полицискиот кордон и Собранието, снимателот се обидел да ја сними атмосферата и да го забележи настанот. При тоа снимателот бил нападнат од неколку демонстранти.

1445
MIA

Непознати луѓе го нападнале снимателот на 1Тв вечерва за време на домонстрациите пред Собрание, објави 1ТВ.

Телевизијата соопшти дека кога демонстрантите почнале да фрлаат со мали експлозиви и камења кон полицискиот кордон и Собранието, снимателот се обидел да ја сними атмосферата и да го забележи настанот. При тоа снимателот бил нападнат од неколку демонстранти.

Снимателот итно е префрлен во болница каде што се пожалил на повреди во пределот на кичмата и ‘рбетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...