Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва, во Отвореното студио на 1ТВ, го осуди насилството што се случи вечерва пред Собранието.
– Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците – рече Шекеринска.
Таа го осуди и нападот врз екипата на 1Тв кој се случил за време на протестот.