Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико.

160

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва.

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико.

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол.

По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми.

Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.

Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...