Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Софија, ќе учествува на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите – членки на Европската Унија и на земјите – кандидати.
Димитров во Софија патува на покана на Кристиан Вигенин, претседавач со Комисијата за европски прашања и надзор на европските фондови при Националното Собрание на Република Бугарија,
Оваа Конференцијата се одржува во рамките на ротирачкото бугарско претседавање со Советот на Европската Унија, каде министерот Никола Димитров е поканет како специјален гостин да се обрати на сесијата „Интеграција и поврзаност на Западниот Балкан – нова движечка сила на политиката за проширување на Европската Унија“.