Репрезентацијата на Србија оствари победа на својот прв натпревар на Светското првенство 2018.
Нашите северни соседи ја надиграа Костарика и запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар.
„Орлите” можеа да си заминат со поголема во однос на голови победа, но Александар Митровиќ и резервата Филип Костиќ направија неколку многу сериозни пропусти.
Костариканците, исто така, имаа неколку позиции во првиот дел, но генерално Србите ја заслужија победата.
Во истата група вечерва се среќаваат Бразил и Швајцарија, кои се фаворити за освојување на првите две места во групата