Грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас заминаа од Отешево по ручекот.
Ципрас изјави дека е задоволен од постигнатиот договор, но и се пошегува за подарокот од Заев кој ќе го чува засекогаш.
Коѕијас, пак, рече дека денот поминал во одлична атмосфера.
– Среќни сме за договорот и во Отешево имавме конструктивен разговор со Димитров. Денот помина во прекрасна атмосфета. Имавме одличен пречек од домаќините. Јадењето и езерото се прекрасни. Наликуваше на свадба. Следува интензивен период. Во скоро време ќе одам во Скопје за да разговараме за делови од договорот – изјави Коѕијас пред заминувањето.