Чоколадна торта за роденденот на Метју Нимиц

4270

Медијаторот за името на ОН, Метју Нимиц, денеска слави роденден, а Грците кои беа домаќини на првиот дел од настанот  на потпишувањето на договорот  му подготвија торта.

Чоколадна торта со свеќички и цреша врз неа беше тортата која домаќините му ја подарија, откако заврши формалниот дел на настанот.

Нимиц во своето обраќање рече дека на семејството му рекол дека не очекува никаков подарок денеска, оти најголемиот подарок денеска ќе му го дадат Заев и Ципрас.

Медијатореот доби и музичка честитка  во кој  главен  вокал беше министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...