Aлбански медиуми: Потпишан историски договор

Според порталот Албеу со „многу насмевки и прегратки“ надминат е речиси тридеценискиот конфликт меѓу двете држави. Во веста стои дека од денес „Македонија ќе се признава под името Северна Македонија“. Порталот со оценка дека „народот ќе го подржи премиерот Заев за иднината на Македонија“.

157

Потпишан историскиот договор, со што е ставен крај на долгогодоишниот спор околу името, а со кој Македонија сега се вика Република Северна Македонија, ова е оценката на албанските медиуми, кои сите, без исклучок, отстапија простор околу потпишувањето на договорот.

Најгледата албанска телевизија, „Топ чанел“ во информацијата насловена „Ципрас и Заев ставија печат за името: заедно кон Европа“ се наведува дека грчкиот премиер откако добил доверба во парламент веднаш заминал да го потпише договорот за името и покрај тоа што опозицијата го смета за предавник.

-И премиерот Заев треба да мине преку многу пречки. Најпрво договорот треба да го усвои парламентот, а потоа да го потпише претседателот на земјата, Ѓорге Иванов. Иванов најави вето, а не се исклучува можноста и одржување референдум. Опозицијата го обвинува Заев дека ги продал националните интереси, наведува телевизијата.

Според порталот Албеу со „многу насмевки и прегратки“ надминат е речиси тридеценискиот конфликт меѓу двете држави. Во веста стои дека од денес „Македонија ќе се признава под името Северна Македонија“. Порталот со оценка дека „народот ќе го подржи премиерот Заев за иднината на Македонија“.

Агецијата Балканвеб оценува дека по 27 години се затвора поглавје со многу преговори.

-Потпишан е историски договор меѓу Грција и Македонија за нејзиното име и таа сега ќе се вика Северна Македонија, наведува агенцијата.

Сите медиуми напоменуваат дека на потпишувањето присутвувале високи претставници на ЕУ, а посебно ја акцентираат и изјвата на медијаторот Нимиц.

За сега нема официјална реакција од албанскиот државен врв.

Албанија ја призна Македонија меѓу првите земји, по прогласувањето на независноста, но под референцата ПЈРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...