Со вино на „Тиквеш“ ќе се наздрави за Договорот во Отешево

По заедничкиот ручек, се очекува билатерална средба да остварат премиерите Заев и Ципрас.

608

Гостите во Отешево, покрај македонска кујна денеска ќе пијат и вина од винаријата „Тиквеш“.

За почеток ѓомлезе, бело сирење и пинџур со жолта ракија „Антика”.На главното мени телешки бифтек со сос од вино и печурки. За десерт баклава и палачинка со крем од ванила и овошје залеано со вино од „Тиквеш”. Вакво е менито за денешниот ручек во Отешево.

Како што веќе информиравме, потпишувањето на договорот за решавање на спорот со името, се случи утрото во малото преспанско село Псарадес.

Присутни се делегациите на Македонија и Грција кои ги предводат премиероте Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, медијаторот на ОН Метју Нимиц и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

По заедничкиот ручек, се очекува билатерална средба да остварат премиерите Заев и Ципрас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...