На моето семејство му реков дека денеска не сакам подароци за овој роденден оти двајца премиери денеска ќе ми го дадат најголемиот подарок, рече медијаторот Метју Нимиц во неговото обраќање по потпишувањето на договорот.
Според него, да се најде решение се бара мудрост, политичко лидерство, храброст дипломатски и стратешки вештини. Четирите големи лидери ги имаат тие карактеристики.
– Со решавањето на овој проблем, ако договорот заврши успешно тоа ќе биде пример не само за регионот туку и за Европа и за светот. Толку многу години работев на ова прашање и можам да кажам дека ова е стратешки договор – порача Нимиц.