Нимиц: Решение за овој проблем бараше мудро лидерство и стратешка визија

Ми беше задоволство што бев медијатор и што сега можам да бидат сведок на потпишувањето на овој договор, рече Нимиц.

180

Медијаторот на ОН во решавање на спорот со името, Метју Нимиц рече дека „нема подобар подарок“ за неговиот роденден со денешното потпишуавње на Договорот со кој конечно се стави крај на повеќедеценскиот спор.

Нимиц и упати честитики до премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и до министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.

– Да се најде решение за овој проблем бара мудро лидерство и стратешка визија и овие лидери покажаа дека ги поседуваат тие важни квалитети. Не можете често да пронајдете истовремено и мудрост политичка визија и дипломатски вештини, а сите три квалитети беа присутни и кај овие четворица лидери кои напорно работеа. Тоа е реткост – рече Нимиц.

Тој, како што рече, верува дека Договорот е во стратешки интерес на двете земји.

– Ми беше задоволство што бев медијатор и што сега можам да бидат сведок на потпишувањето на овој договор. Ми беше задоволство да соработувам со овие двајца министри, но и со сите претходно на овој долг и тежок процес разрешувајќи го овој проблем што долг период резултираше со една спогодба која е правична, чесна и спроведлива, тоа ќе биде успех не само за односите меѓу двете земји туку ќе служи и како приемр за регинот, дека два соседа ,можат да решат проблем ако се заложат за истиот – изјави Нимиц на церемонијата на потпишувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...