Коѕијас пристигна пеејќи

Во негов стил со кревање на шеширот во рака и мавтање тој зборуваше на грчки, а потоа и запеа ,,Среќен роденден“ на англиски во чест на медијаторот на ОН Метју Нимиц.

5446

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас на потпишувањето на договорот пристигна пеејќи.

Во добро расположение со шешир на главата, тој движејќи се накај шаторот најпрво застанаа да се поздрави со новинарските екипи.

Во негов стил со кревање на шеширот во рака и мавтање тој зборуваше на грчки, а потоа и запеа ,,Среќен роденден“ на англиски во чест на медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Откако пееше пред новинарите тој се упати кон шаторот каде во прв ред седеше токму токму Нимиц.

Коѕијас се поздрави и повторно запеа, а му се придружија и гостите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...