Во селото Псaрадес се е подготвено да почне церемонијата за потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција. Подготвен е и шаторот на брегот на Преспанското Езеро каде што ќе се одржи свеченоста.
Безбедноста е на високо ниво. Вооружени сили има на двете страни.
На грчката страна се најавени протести на националистите, а во земјава најавен е протест на ВМРО-ДПМНЕ во 13.30 часот.