Протест пред Собрание против договорот за името

Демонстрантите бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

1107

Протест пред Собранието против договорот за решавање на проблемот за името меѓу Македонија и Грција се одржа и вечерва. Демонстрантите бараат оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

Утре пред посредникот за спорот со името Метју Нимиц, договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а ќе присуствуаат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас како и претставници на мешународната заедница.

За утре во 13.30 часот ВМРО-ДПМНЕ закажа протест против Договорот во Битола, додека навивачката група на Комити Скопје закажа протест за утре вечер пред Собранието на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...