Федерер се врати на врвот на АТП листата

На врвот, тој ќе го замени Шпанецот Рафаел Надал

267

Роџер Федерер се пласираше за прв пат во кариерата во финалето на турнирот на трева во германскиот град Штутгарт со награден фонд 656 илјади евра.

Швајцарецот, кој е прв носител на турнирот, нанижа 12 аса и го победи Австралиецот Ник Кириос (бр.4) со 6:7 (2), 6:2, 7:6 (5) по речиси два часа игра.

Со успехот, 36-годишниот Федерер, кој оваа недела се врати на теренот по речиси тримесечна пауза, си обезбеди враќање на првото место на светската АТП листа од понеделник.

На врвот, тој ќе го замени Шпанецот Рафаел Надал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...