Меси за промашениот пенал: Не треба да полудуваме

Аргентинецот постави нов рекорд во однос на бројот на удари во еден натпревар, откако упати 11 удари кон противничкиот гол и не реализираше.

441

Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, рече дека пропуштениот пенал во натпреварот против Исланд е болен момент за тимот.

Напаѓачот на Барселона не успеа да реализира од белата точка и дуелот на крај заврши 1:1.

Меси рече дека грешката е болна, но појасни дека не треба да се „полудува“ од првиот погрешен чекор.

– Не треба да полудуваме. Тоа беше почеток и знаевме дека нема да биде лесно. Бевме подобри, но не бевме прецизни и тешко создававме ситуации. Има работи кои треба да ги подобриме. Промашувањето беше болно. Ќе излеземе за победа против Хрватска – изјави Меси по мечот.

Инаку Аргентинецот постави нов рекорд во однос на бројот на удари во еден натпревар, откако упати 11 удари кон противничкиот гол и не реализираше.

Меси го подобри постигнуањето на ИталијанецотЛуиџи Рева, кој во 1974 година во натпревар против Хаити упати 10 удари и исто така не постигнал гол.

Овие податоци не го вклучуваат дополнителното време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...