Село Нивици ќе влезе во историјата: Таму ќе се потпише Договорот за името

Денеска во Нивици се бојадисуваат ѕидовите, се чисти канализацијата, се означуваат точките каде што ќе биде поставена бината за утрешниот настан во селото Нивици во грчкиот дел на Мала Преспа.

1751

Во преспанското село Нивици или Псаридис, на грчки, утре ќе се потпише Договот за спорот со името, кој се најавува како историски бидејќи со него ќе се затвори долгодишниот спор меѓу Македонија и Грција, објави ТВ 21.

Како што пренесува телевизијата, во селото се е подготвено за утрешното официјално потпишување на договорот меѓу Скопје и Атина за ново компромисно име на земјава. Во селото со само 60-тина жители речиси сите зборуваат и разбираат и грчки и македонски јазик. Денеска во Нивици се бојадисуваат ѕидовите, се чисти канализацијата, се означуваат точките каде што ќе биде поставена бината за утрешниот настан во селото Нивици во грчкиот дел на Мала Преспа.

Во селото денеска немало многу полицајци или војска за обезбедување на утрешниот собир на кој е најавено присуство на премиерите и министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, но и гости од меѓународните организации.

Еден од одговорите на прашањето зошто токму областа околу Преспанското езеро е одбрана за потпишување на билатералниот договор е дека ова место има историското значење за Македонија уште од времето на Народно-ослободителната борба и АСНОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...