На неколку часови пред официјализирање на договорот за спорот за името во Преспа, премиерот Зоран Заев смета дека тој носи придобивки за Македонија и Грција.
Ова го изјави за време на средбата со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која е во дводневна посета на Македонија, вчера во Струмица, денеска во Скопје.
-Протести имаше и за договорот со Бугарија, но ниту Бугарија, ниту Македонија не изгубија туку само добија – рече Заев.