СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја кочи македонската иднина и работи против интересите на граѓаните

Со овој Договор се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани, велат од СДСМ.

443

Договорот со којшто се става крај на 25 годишниот спор со Грција е во заштита на врвните национални и државни интереси и тоа го гледа целата домашна и меѓунардона јавност, целиот демократски свет. Само ВМРО-ДПМНЕ ја кочи македонската иднина и останува заглавена во матрицата на поделби и изолација, тврдат ос СДСМ.

„Не постојат никакви дилеми – Договорот не само што не го загрозува, како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш.Со овој Договор се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани“, велат од СДСМ.

Според оваа партија, крајно неодговороно е да се кочи македонската иднина.

„Време е ВМРО-ДПМНЕ да постапи во интерес на граѓаните. Време е ВМРО-ДПМНЕ да каже ДА за овој Договор за којшто последниот збор ќе го имаат граѓаните, на референдум. ВМРО-ДПМНЕ да каже ДА за македонската иднина!“, велат од СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...