Рекордна посетеност во Сочи на мечот Португалија – Шпанија

На „Фиш“ се одржаа церемонии за отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Сочи, со околу 40.000 гледачи.

100
ФОТО: EPA/PETER POWELL

Рекордна посетеност беше забележана на стадионот „Фиш“ во Сочи на натпреварот од „Ц“ групата помеѓу Португалија и Шпанија, кој заврши со 3:3. На стадионот присустувале 43.866 гледачи.

На „Фиш“ се одржаа церемонии за отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Сочи, со околу 40.000 гледачи. Околу 39.000 пак присуствуваа на контролната на Русија и Белгија на крајот од март минатата година.

Стадионот беше изграден специјално за Зимските олимписки игри во 2014 година, а потоа беше реконструиран поради Светското првенство.

Во моментов има капацитет од 44.287 места. Ова значи дека минатата ноќ, на дуелот Португалија – Шпанија, имало само 421 слободни места

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...